Циклусот отворени предавања за студенти „Ново студентско секојдневие“ се организиран во рамки на проектот „Зајакнување на демократските компетенции и учество на младите луѓе“, имплементиран од страна на Младински образовен форум, а во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер.
Предавањето на тема „лични финансии за време на криза“ ќе биде одржано на 5 мај со почеток во 19:00 часот на платформата за видео комуникација Zoom.
Предавач е Александар Радомировиќ, магистер по економски на Универзитетот на Стафордшир, долгогодишен обучувач за менаџмент на лични финансии и претприемништво, и скоро една деценија банкарско искуство.
Целта на ова предавање ќе биде да нѐ воведе во финансиската писменост и научиме нови методи и трикови како поефективно да управуваме со личните финансии. На ова предавање ќе бидат одговорени прашањата:
- Како да научиме мудро да управуваме со личните финансии?
- Што требаше, а најверојатно не го направивме за да ги ублажиме последиците од кризата врз нашиот личен буџет?
- Кои поуки да ги извлечеме од ситуацијата во која се наоѓаме и какви корективни мерки да превземеме за да си обезбедиме посигурна иднина.
Сите заинтересирани лица кои што сакаат да го проследат онлајн предавањето може да се пријават со пополнување на веб формата: https://forms.gle/LMmKGyB3TNiXUZpz9 и линкот кон предавањето ќе биде испратен на внесената e-mail адреса.