Македонија

Успешно репатрирани студентите од Република Турција со хуманитарен конвој

Министерството за надворешни работи информира дека 102 македонски студенти кои студираат на универзитетите во Турција беа успешно репатрирани во земјата.

„Упатуваме благодарност до турскиот Директорат за дијаспора којшто во соработка со нашите претставници во Турција помогнаа за координацијата околу превозот на студентите од Истанбул, Анкара, Бурса, Коња, Сакарја, Кајсери, Измит, Едрене, Чанаккале и Текирдаг до турско-бугарската граница.

Воедно, за организираниот превоз со четири автобуси во понатамошната репатријација, како што беше и случај со евакуираните наши работници од Нигерија преку Турција, посебна заложба имаше Владата на Северна Македонија, а во случајот со студентите, и ангажманот на Заменикот министер за труд и социјална политика на нашата Влада“ стои во соопштението од Министерството за надворешни работи. 

Ова е вкупно 7-ми организирано спроведен хуманитарен конвој, трет од Турција, по започнувањето на процесот на репатријација на нашите државјани кои беа затекнати во странство поради пандемијата на коронавирусот.

Со ова, вкупната бројка на репатрирани македонски граѓани со посредство на Министерството за надворешни работи до денес изнесува 3870.

„Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон надлежните власти во Турција и Бугарија за соработката и обезбедување на непречен транзит, како и за целокупната поддршка во овие отежнати околности, како за репатријацијата на нашите студенти од Турција така и за нашите работници од Нигерија“, се вели во соопштението.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago