Македонија

Учениците ќе учат од дома до 10 јуни, матурантите се ослободуваат од полагање матура

Учениците од основните и средните училишта ќе ја продолжат наставата со далечинско учење до 10 јуни, односно нема да се вратат во училишните клупи, додека матурантите оваа година ќе бидат ослободени од полагањето завршен испит и ќе можат со дипломата издадена за завршено средно образование да се запишат на некоја од високообразовните институции во земјава, се само дел од сетот мерки што Владата на Република Северна Македонија ги усвои на денешната седница по предлог на Министерството за образование и наука.

Министерот за образование, Арбер Адеми на прес-конференција напомена дека се работи за сет од девет мерки, со кои се обезбедува непречено функционирање на воспитно-образовниот систем во овие вонредни околности и услови предизвикани од појавата и ширењето вирусот КОВИД-19.

„Тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома. Кризниот период се чини дека полека поминува, но и натаму постои ризик по здравјето на граѓаните. Така што, учениците нема да се вратат во училишните клупи до 10 јуни. Апелирам и ги охрабрувам сите учесници во воспитно – образовниот процес максимално да се ангажираат и продолжат да ги извршуваат своите обврски и да дадеме еден заеднички придонес за квалитетот на далечинското учење да се издигне колку што е можно повеќе над оптималното ниво“, истакна Адеми, напоменувајќи дека на сите наставници кои до денот на прогласување вонредна состојба биле ангажирани со договори на определено, работниот однос им се продолжува до крајот на учебната година, а воедно ќе се обезбеди и соодветна замена за секое испразнето работно место на наставник.

Другата мерка се однесува на уписот на првачињата кој вообичаено и согласно законските прописи започнува во месец мај, согласно условите ќе започне во јуни.

„Со тоа, родителите и старателите имаат време да се подготват, да ги обезбедат потврдите за задолжителни примени вакцини, како и за извршени стоматолошки и офталмолошки прегледи од надлежна здравствена установа“, потенцираше Адеми, додавајќи дека списоците со запишани ученици, училиштата ќе ги објават најдоцна до 15 јули.

Следните две мерки, рече министерот, гарантираат дека ниту едно училиште за време на вонредната состојба нема да биде оставено без раководни структури и управни органи кои имаат обврска да ја организираат работата непречено и првенствено во интерес на учениците и наставниците, односно се продолжуваат мандатите на раководење и управување во училиштата, како и продолжување на важноста на лиценците за директорите.

Што се однесува на учениците од завршните години во средните училишта, тие се ослободуваат од полагање државна матура, училишна матура и завршен испит во учебната 2019/2020 година.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago