Радовиш

И во услови на вонредна состојба рудникот Бучим успешно работеше и во месец април

„Рудникот Бучим и во услови на вонредна состојба поради коронавирусот успешно работеше и во месец април и оствари позитивни производствени разултати“, рече во интервју  за РТВ Кобра, заменик генералниот директор на рудникот Бучим Николајчо Николов.

Преземени се сите потребни мерки за заштита на вработените согласно препораките на Владта и Министерството за здравство.

Продолжувајќи ги своите активности за придонес во справувањето со Ковид-19 вирусот, рудникот Бучим, со цел да им помогне на најранливите семејства од заедницата, донираше парични средства на Општинска организација Црвен Крст – Радовиш.

Финансиските средства во висина од 5.000 евра доделени на Општинска организација Црвен Крст – Радовиш, ќе бидат наменети за потребите на социјално загрозените семејства од општина Радовиш и општина Конче, за полесно справување со новонастанатата ситуација предизвикана од Ковид-19.

Донираните парични средства ќе бидат искористени за изготвување на пакети со основни производи – прехранбени продукти, средства за лична хигиена и средства за дезинфекција, кои Општинска организација Црвен Крст – Радовиш, ќе ги достави до социјално најзагрозените семејства од Радовиш и Конче.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago