Струмица

Пронајдено возилото со кое беше прегазено четиригодишно дете, возачот и понатаму е во бегство

Пронајдено возилото со кое синоќа во Струмица беше прегазено четиригодишно дете, но  возачот и понатаму е во бегство.  Според информациите од полицијата детето било удрено со патничко возило Форд Ескорт со скопски регистарски ознаки. Од таму додаваат дека возилото е обезбедено и се наоѓа во кругот на СВР Струмица, а во меѓувреме интензивно се работи за пронаоѓање на лицето кое управувало со истото.

Несреќата  се случи вчера доцна попладне на улицата Никола Тесла во Струмица.За сега непознатиот возач удрил во четиригодишното дете по што побегнал од местото на настанот. Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди поради што веднаш е пренесено во струмичката болница. Поради карактерот на повредите, после укажаната медицинска помош тоа е префрлено во клиничкиот центар во Скопје.

„Од страна на полициски службеници патничкото возило „форд ескорт“, со скопски регистарски ознаки, е пронајдено, а се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот“, информираат од СВР Струмица

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago