Гевгелија

Aкција за донирање персонални компјутери на учениците од социјално-ранливите категории

 По иницијатива на директорката на ООУ „Климент Охридски“- Миравци, Марија Костадинова, во договор со останатите директори на Основни училишта во Гевгелија, во тек е акцијата за донирање персонални компјутери на деца од социјално-загрозените категории, во соработка со Општина Гевгелија.  За непречено следење на наставата, децата од Основните училишта во Гевгелија ќе добијат компјутерска опрема: куќиште, монитор, тастатура, приклучоци и глувче. 

            Директорката, Марија Костадинова, веќе им ги донираше персоналните компјутери на шест ученика од ООУ „Климент Охридски“- Миравци и Подрачните училишта во Милетково и Смоквица. Таа пренесе апел до сите фирми да се вклучат во оваа акција:

            “Со почетокот на изведбата на онлајн-наставата за учениците увидовме дека не секое семејство има дома компјутер за своето дете ученик. Предложивме да се соберат донации од фирми или домашни персонални компјутери на кои им е потребна поправка, или дополнителна инсталација. Така, ги задоволивме потребите на шест семејства со малолетни деца ученици опфатени во основното образование. Засега, иако има по 2 до три деца во семејството, ги задоволуваме потребите од еден персонален компјутер, а ако се приклучат на акцијата повеќе општествено-одговорни компании ќе можеме да донираме и компјутер за секој ученик од социјално-загрозено семејство, кое има деца-ученици од различни возрасни групи, а треба да следат електронска настава за различен степен на образование“, вели директорката Марија Костадинова.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago