Kога еднo лице се смета за излекуванo од Ковид 19 појасни директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) д-р Иринка Сотирова-Бухова, на вчерашната прес-конференција.
Директорката д-р Иринка Сотирова-Бухова, на вчерашната прес-конференција се произнесе и по наодите на ДСЗИ во однос на двата вонредни инспекциски надзори во Куманово.
„Првиот надзор е извршен на 17.04. и тоа во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Куманово, цел на овој надзор е утврдување на фактичката состојба во однос на работата на предметната установа, отстапување во однос на протоколите и алгоритмите во однос на следење на случаи потврдени со КОВИД – 19, при што е констатирано следното: Првото тестирање е извршено на 26.03.2020 година на лица од Кризниот штаб во општина Куманово, тестирани се 28 лица за кои се добиени 28 негативни резултати. Второто тестирање е на 12.04 при што земени се 38 бриса и како што на сите ни е познато добиени се пет позитивни резултати и издадени решенија за 37 контакти“, истакна директорката Сотирова-Бухова.
Таа продолжи, дека се констатирани недостатоци во овој надзор и тоа: и првото и второто тестирање се спроведени без редовна и задолжителна епидемиолошка анкета од страна на епидемиолог од Центарот за јавно здравје, посочувајќи дека и на првото тестирање на 28.03 и на второто, на 12.04 сите тестирања се заведени како скрининг и постои изјаснување на епидемиологот кој го вршел ова тестирање.
Во однос на вонредниот инспекциски надзор кој е извршен пред два дена, истиот опфати повеќе институции. Прво, инспекцискиот надзор почна во просториите на Центарот за јавно здравје – Куманово, во просториите на Здравствениот дом – Куманово, Службата за итна медицинска помош, потоа во Одделението за инфективни болести во Општата болница – Куманово, во матичните ординации на пациентите за кои се спроведуваше надзор, во службата за епидемиологија во Центарот за јавно здравје и потоа продолжи во трите лаборатории во Скопје, каде што е извршено тестирање на споменатите лица.