Радовиш

Со засилени контроли ќе се решава дрвокрадството во Радовиш. Освен во шумските појаси ќе се контролираат и дворовите

Со координирана акција на шумската полиција и припадниците на  Полициската станица во Радовиш ќе се решава долгогодишниот проблем со дрвокрадството во радовишко.  И дровкрадците и купувачите на огревно  дрво да бидат внимателни. Ќе се врши контрола во дворовите по секоја дојава или сомнителна ситуација.

,, Мерките ги заоструваме, имавме состанок со сите институции кои се директно одговорни за овој проблем и се сложивме да се засилат контролите како во шумските појаси така и на сите патишта. Паралалено ќе има контроли и по дворовите на радовишани за да се утврди потеклото на огревните дрва. Ако се бесправно набавени ќе бидат одземени“, вели градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, кој сериозно се зафати со решавање на овој проблем.

 Тој додава дека мора сите заедно да придонесеме во сузбивањето или минимизирањето на дрвокрадството во Радовиш.

Ваквите одлуки беа донесени на заедничкиот состанок со надлежните институции откако на лице место беше фатен дрвокрадец како пренесува околу 2 кубика буково огревно дрво натоварено на запрежно возило на  влезот во Радовиш од кај планината Плачковица на улицата ,,Коџа баир’’. Пред три дена радовишката полиција во соработка со вработени од шумската полиција откри бесправно сечени огревни дрва во двор, истите се одземени а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Градоначалникот Конзулов уште еднаш упати апел да не се уништува шумскиот фонд на Плачковица и граѓаните да се снабдуваат со легални дрва преку подружницата на Национални шуми во Радовиш.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago