Македонија

Владата објави Јавен повик за набавка на заштитни маски


Владата објави Јавен повик https://vlada.mk/node/21153 за интервентна набавка на заштитни маски со цел спречување на последиците од коронавирусот КОВИД – 19 за време на вонредната состојба. Согласно повикот, маските треба да бидат повеќекратно употребливи, изработени од 100% памук, грамажа: 140-160 гр/м2 и промена на димензиите при перење и сушење (собирање) на 95°C максимум 5%, на јаток максимум 1%.

Право на учество во Јавниот повик имаат сите домашни производители кои ги исполнуваат условите од овој повик и тоа:
– испорака на најмалку 2.000 маски дневно;
– испораката да се врши за период на траење на вонредната состојба, на различни локации во Скопје;
– единечната цена по маска да изнесува максимум 40 денари, плус данок на додадена вредност за маските изработени од материјал за изработка во сопственост на економскиот оператор;
– единечната цена по маска да изнесува максимум 25 денари, плус данок на додадена вредност за маските изработени од материјал обезбеден од страна на Владата на Република Северна Македонија;
– за материјалот од кои ќе се изработуваат заштитните маски потребно е да се достави извештај од извршена лабораториска анализа издаден од страна на овластена лабораторија, со примерок од маската во прилог.

Економските оператори, понудувачите на овој Јавен повик е потребно да ги достават следните документи:
– Документ за регистрирана дејност (ДРД образец),
– Извештај од извршена лабораториска анализа од овластена лабораторија, во однос на квалитетот на маските,
– Примерок од маските што ќе се доставуваат и
– Изјава од понудувачот дека може да врши испорака на најмалку 2.000 маски дневно.
Испораката на 2.000 маски дневно ќе биде реализирана на еднакви делови, односно сразмерно на бројот на понудувачи со кои ќе се склучи Договор. Лица назначени од страна на Договорниот орган ќе вршат квалитативна и квантитативна проверка при испораките.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago