После 30 април, Уредбата утврдува
дека глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за
прекршок на секое домашно или странско физичко лице ако постапува спротивно на
одредбите од оваа уредба со законска сила.
Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за
прекршок на секое домашно или странско правно лице ако постапува спротивно на
одредбите од член 3 од оваа уредба со законска сила, која определува дека сите
домашни и странски правни лица на територијата на Република Северна Македонија,
се должни во своите седишта, подружници и објекти во кои ја обавуваат својата
дејност, да обезбедат носење лична заштитна опрема за сите физички лица кои
работат и да забранат влез и движење низ овие простории на секое физичко лица
кое влегува како посетител во овие простории, а кое нема да носи лична заштитна
опрема.
На секое одговорно лице во правното лице ако постапува спротивно на одредбите
од оваа уредба со законска сила, ќе му биде изречена глоба во износ од 1.000
евра во денарска противвредност.
Според оваа уредба секое лице е должно да носи лична заштитна опрема на
лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места
и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во
затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност
претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети,
продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично).
Контролите
ќе ги вршат Министерството за внатрешни работи,
Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и
Државниот пазарен инспекторат, секој согласно надлежностите утврдени со Закон.