Македонија

Од денеска задолжително носење на заштитна маска, или шал и марама

Како мерка за претпазливост од денеска е задолжителното носење заштитна опрема за покривање на устата и носот.
Заштитна опрема за лице и нос може да биде респираторна маска; хируршка маска за еднократна употреба; текстилна маска за повеќекратна употреба; свилена марама или шал, памучна марама или шал, и други слични прекривки за нос и уста.


„Физичката прекривка на носот и устата кај сите граѓани ќе овозможи прекин на преносот на вирусот. Повеќето заболени од коронавирусот, заболуваат преку вдишување на капки со вирусот издишани или искашлани од некој во непосредна близина. Физичката прекривка на носот и устата ќе го спречи тоа“, рече техничкиот премиер Оловер Спасовски на вчерашната прес конференција.
Оваа мерка ќе отпочне да се применува на целата територија на државата од денеска, 23-ти април.
Маските или марамите треба да се носат при движење на отворен простор, затворен јавен простор и во јавниот сообраќај.
Заштитна опрема задолжително се носи во сите затворени јавни места каде што има повеќе лица, како маркети, продавници, банки, пошти, здравствени установи како и при користење јавен превоз.


На отворено, заштитна опрема задолжително се носи на пазари и на отворени простори каде нема можност да се одржува физичката дистанца од 2 метри до другите лица во близина.
На отворено, заштитна опрема НЕ се носи само ако престојувате во дворот или терасата од вашиот дом; ако возите велосипед, ако спортувате на отворено или ако се возите во патничко возило со лица со коишто живеете во заедница или домаќинство.


Забрана за групирање повеќе од 2 лица е мерка која е активна подолго време поради локалната трансмисија која се случува во непосредна близина на веќе заразено лице.

 Во група од двајца не се вбројуваат децата под 14 години на тие лица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago