Гевгелија

Двата контролни теста на четворицата заболени од Гевгелија се негативни

 Eпидемиологот од Центарот за јавно здравје, ПЕ Гевгелија, д-р Сашко Олумчев, информираше дека заклучно до 20 април. 2020, година, во Гевгелија се земени 90 бриса за тестирање од Корона вирус и сите 90 се негативни. 

 „На четворицата заболени од Корона вирус им се направени 2 контролни теста и тие се негативни. Доколку се покаже и третиот тест негативен кој ќе се направи денеска, кластерот на заболени од Корона вирус во Гевгелија ќе биде затворен“, истакна д-р Олумчев.

             Иако бројот на заболени во Гевгелија стагнира, тој апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките од надлежните институции:

 „Ова е најкритичната фаза на пандемијата од Ковид 19 и од сите нас, граѓаните на Гевгелија и на територија на Македонија, од нашето целосно почитување на сите мерки и препораки од здравствените институции зависи дали ќе ја добиеме битката со овој подмолен и непредвидлив непријател.

              Ако се опуштат граѓаните, ако има многу физички контакти и недисциплина, тогаш се можни грешки што може да биде фатално. Со вирусот нема играчки, особено со Сарс Ков 2  кој е сосема нов и многу непредвидлив. Се надевам дека сепак, граѓаните ќе ја сфатат сериозноста на ситуацијата и ќе се однесуваат одговорно, а нам, здравствените работници не очекува еден период во кој ќе се прават голем број брзи серолошки тестови за да се види вистинската ситуација со носителите на вирусот во нашата земја“, вели д-р Олумчев.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago