Воскресение Христово се случило на третиот ден Недела, по неговата смрт на Велики Петок. Велигденската
служба започнува на полноќ во Сабота спроти Недела
Во домашна атмосфера, а
следејќи ги преку интернет воскресенските литургии, годинава на еден поинаков
начин верниците го дочекаа најголемиот христијански празник Велигден, ден кога
Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Во Радовиш Христовото воскресение од Црковниот храм Света
Троица верниците имаа можност да го следат
во живо преку интернет, пренесено од страна на Регионална Телевизја Кобра. Молејќи
се од својот дом со запалена свеќа во реце и велигденско јајце го дочекаа воскресението
христово.
Сите православни христијани во овие денови се поздравуваат со поздравот „Христос воскресе“ на што се одговара „Навистина воскресе“. Празникот
на воскреснувањето на Господ Исус Христос се празнува секоја година во различно
време и еден е од т.н. подвижни празници. Кај припадниците на православната
вера Велигден секоја година паѓа во период од 4 април до 8 мај.
Главното обележување на Велигден се вапцани
јајца. Порано се бојадисувале само црвени јајца, а се верува дека овој обичај
потекнува од Марија Магдалена, која според Библијата, однела јајца обоени во
црвена боја пред тогашниот римски цар Тибериј кога се дознало дека Христос
Воскреснал.
Тој и рекол на Марија ќе поверувам дека Исус воскреснал кога јајцата во кошницата ќе станат црвени,
што во истиот момент станале црвени. Иако Велики Петок е најтажниот ден за сите христијани во
светот, Велигден веднаш по Божик се смета за најрадосен христијански празник. Веднаш по дочекувањето
на Воскресението Христово присутните во црковните храмови и во домовите се
кршат со црвени јајца и се води
сметка за избор на јајцето, бидејќи се води сметка и за победникот. “. За Велигден се подготвува богата трпеза
со разновидна храна, пред се со јагнешко но и друг вид на месо, салата, колачи,
велигденска торта и блага погача-штрудла и задолжително црвени јајца. Домовите се
украсуваат со разни велигденски украси
Годинава црковните храмови
беа празни поради 85- часовниот полициски час во целата државата, како
превенција од корона вирусот. Ја немаше
вообичаената раздвиженост по улиците во градот како што беше во претходните години.
Велигден се дочека во тишина се слушаше само звукот на камбаната и божествената
воскресенска литургија од црковните храмови. Единствено полициските службеници
можеа да се забележат на улица како вршеа контрола дали се почитува полицискиот
час.