Претседателот
Стево Пендаровски преку видео врска оствари разговор со директорката и со дел
од вработените медицински лица на Инфективната клиника во Скопје.
Претседателот
беше информиран за моменталната состојба на Инфективната клиника, за бројката
на пациенти и нивната здравствена состојба, како и за сместувачките капацитети
на оваа институција и за расположливиот медицински персонал.
„Вашата
мотивираност, посветеност и пред се, професионалност со која секојдневно ги
извршувате обврските во оваа здравствена криза предизвикана од вирусот
КОВИД-19, кај мене и верувам кај сите наши граѓани буди чувство на сигурност и
смиреност. Ве охрабрувам да продолжите со исто темпо и пожртвуваност да се
грижите за пациентите и во што поголем број целосно оздравени да ги испраќате
дома кај нивните најблиски. Издржете во оваа битка, сите сме со вас“, им порача
Претседателот.
Пендаровски им оддаде признание во битката со опасниот вирус бидејќи тие се првите во линијата на одбраната, на што вработените на Инфективната клиника рекоа дека се свесни за ризикот, кој е составен дел од нивната професија и уверија дека сите заеднички ќе се справиме со ова, бидејќи навремено е реагирано, стои во соопштението од кабинетото на Претседателот.
Линк од видео-материјалhttps://youtu.be/C_v28ewN9uA