Радовиш

Поднесени четири пријави за лица од Радовиш кои ја прекршиле забраната за движење

Ноќта на 13/14.04.2020 година на подрачјето на СВР Струмица 6 граѓани, од кои едно малолетно лице ја прекршиле наредбата од страна Владата и Министерството за здравство за време на епидемија, односно ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период.

 Притоа, 5 лица, меѓу кои еден малолетник се затекнати на подрачјето на Полициска станица Струмица и едно лице на подрачјето на Полициска станица Радовиш. Во просториите на полициските станици е приведено едно лице.

Воедно, на 13.04.2020 година до надлежните обвинителства се поднесени и шест кривични пријави против осум лица, кои во претходниот период ја прекршиле забраната за движење, односно сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, од кои четири пријави се поднесени до Основното јавно обвинителство Радовиш и две пријави против две лица до Основното јавно обвинителство Валандово.

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица се евидирани 16 нови лица со изјава за самоизолација, а вкупно се извршени 20 контрола над лица кои со решение од Државен здравствен и санитарен инспекторат се во домашна изолација и 106 контроли над лица кои се во самоизолација, информира СВР Струмица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago