Categories: Радовиш

ЈП Плаваја го збогати возниот парк со нов камион-кипер. Возилото е во вредоност од 4.106.000 денари и е донација

Се збогатува возниот парк ан ЈП Плаваја од Радовиш. Општина Радовиш набави нов камион -кипер за потребите на ЈП Плаваја.  Возилото во вредоност од 4.106.000 денари е донација од Светска банка а Општината учествуваше со 186.000 денари. Камионот ќе биде наменет за чистење на диви депонии, кои се почесто ги прават несовесни граѓани и  за други потреби на општината.

Градоначалникот Конзулов апелираше до граѓаните за поголема совесност и одговорно однесување спрема животната средина, да не се фрла ѓубре на отворени и јавни површини и да не се прават диви депонии покрај патишта. Инаку  за потребите на возилата на  ЈП Плаваја, Општина Радовиш гради и нов паркинг за возилата, веднаш покрај асфалтниот пат, наспроти влезот кон административната зграда на Плаваја. Истиот ќе биде асфалтиран  за неколку дена, по што ќе може да се користи за потребите на возниот парк на ЈП Плаваја.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago