Сите дозволи за движење во полициски што ги обезбедува МИОА, одсега се достапни преку порталот за uslugi.gov.mk.
Дозволата на лицето што ја бара ќе му се издаде по електронски пат на мејл и нема потреба од физичко доаѓање. Лицето електронската дозвола може да ја покаже и на мобилен ако му биде побарана за проверка, нема потреба да ја печати. Дозволите имаат код кој полицијата може да го скенира и да провери во регистарот на МИОА дали е дозволата валидна.
Манчевски на поставените прашања одговори и потсети дека МИОА издава дозволи за движење на граѓани од различни категории за време на полициски час. Компаниите даваат дозволи за своите вработени и истата може да се користи само за движење од домот до работно место и назад.
Министерот Манчевски апелира одговорно однесување при користење на дозволите, да не се злоупотребуваат.
Барање може да поднесе само лице кое што е овластено за одредено правно лице (фирма). Фирмата за чии вработени се бара идавање на дозвола, се наведува во барањето.
Барателот може да побара дозвола само за лица кои се вработени во фирмата.
Во секое барање потребно е да се специфицира временскиот интервал за важење на дозволата, причината за издавање на дозволата, email адреса на вработените лица стои во описот на услугата на порталот https://uslugi.gov.mk