Categories: Македонија

Препораки за превозници при патување во средно и високо ризични земји

На лицата кои патуваат низ земјите со среден и висок ризик на КОВИД – 19, а кои управуваат тешки моторни возила за превоз на прехранбени артикли и друго, за време на нивниот транзит и престој во овие земји, им се препорачува да ги почитуваат мерките за лична и колективна заштита, стои во соопштението од Владата.

Според препораките им се ограничуваат контактите и движењата на патните правци од точка А до точка Б, освен заради потреба од обезбедување на храна и тоалет. Се забранува контакт со други лица.

Доколку излезат да купат храна или за тоалет, задолжително да користат лични заштитни средства и тоа:
– ракавици за еднократна употреба
– заштитни маски
– нема потреба од носење на заштитни мантили како и заштитни очила и каљачи.

Заради можноста од остварување на директен респираторен контакт со заболени лица на КОВИД– 19, во мотелите, хотелите и рестораните се препорачува:
-да спијат во кабините на своите моторни возила.

За време на патувањето:
– После секој контакт во маркет, продавница, тоалет задолжителна е
дезинфекција на рацете
– Максимално избегнување на контакт со други лица повеќе од 10-15 минути
(особено со лица со симптоми)
– Почесто проветрување на кабината за време на возењето
– При престојот во кабината нема потреба од носење на лична заштитна опрема
– Забрането е примање на слепи патници
– Задолжително обезбедено средства за дезинфекција на раце на база на
алкохол за време на патувањето.

При нивното враќање во државата од Владата препорачиваат:

„Задолжителна комплетна дезинфекција на превозните средства од страна на овластена служба за ДДД. При враќање во РСМ доколку пројават симптоматологија се јавуваат на својот матичен лекар. За возачите по враќање во Северна Македонија важат препораките како за останатите патници кои доаѓаат од овие земји за задолжителна самоизолација во домашни услови или во објект определен од фирмата превозник. Фирмата превозник е должна да го пријави во ДСЗИ и МВР местото каде ќе се спроведува самоизолацијата.

Доколку фирмата превозник нема определено објект за самоизолација, возачот ќе се смести во еден од објектите определени од државата за карантин, а трошоците се на товар на фирмата превозник.

Се задолжуваат Здруженијата на лиценцирани авто превозници да изготват свој оперативен план за да се спроведе ротирање на возачите, односно нивна последователна промена при патувањата во средно и високо ризични земји.

Дозволата за движење на превозникот важи само со издаден патен налог кој е во прилог на дозволата“ стои во Владиното соопштение.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago