Categories: Гевгелија

Организирано снабдување и достава на прехранбени артикли во Општина Гевгелија

 Општинскиот кризен штаб  на Општина Гевгелија  донесе повеќе мерки за спречување на ширењето на Корона вирусот на територијата на општината.  Како една од мерките е и организирано снабдување и достава на прехранбени артикли.


„Во деновите среда и четврток (8 и 9.04.2020), во периодот од 16.00 до 05.00 часот, како и во периодот од петок (10.04.2020) во 16.00 часот до понеделник (13.04.2020) во 05.00 часот, граѓаните во Гевгелија можат да нарачат достава на најнеопходните прехранбени артикли на дежурните телефони на следните економски оператори во Гевгелија.

– „СОЛУН 53“ – 📞071/341-592, 072/249-566, 071/392-701

– „СОРИТА“ – 📞078 /202-666
– „ГУШЕВ МАРКЕТ“ – 📞070 /218-452
– „ГОДА“ – 📞071 /226-666

-„ХОЛИВУД“- Миравци – 📞076 /377-599
-„ТАС-КОМ“- Мрзенци – 📞071 /566-000

Екипи на вработени на економските оператори ќе ги испорачуваат нарачките по телефон на пријавената адреса за испорака, во периодот од 16.00 до 20.00 часот, во работните денови и од 9.00 до 14.00 часот во саботите и неделите.
Сите други економски оператори, продавници на прехранбени артикли доколку сакаат да испорачуваат нарачки на прехранбени артикли онлајн, можат да се пријават на дежурниот телефон во Општина Гевгелија
📞072 /227 -158 за да бидат вклучени во доставата.

– СИТЕ СТАРИ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА и натаму можат да нарачат набавка и достава на прехранбени артикли и лекови преку Општинските мобилни тимови јавувајќи се на дежурниот делефон во Општина Гевгелија,📞 078/ 690-648 секој работен ден од 10 до 15 часот. Во работните денови по 16 часот и преку викендот нарачките за набавка можат да ги прават на дежурните телефони на супермаркетите.

– Сите Јавни установи, банки, супермаркети, трговски и други дуќани, аптеки, продавници и пиљари, согласно засилените мерки на заштита од Коронавирусот на Владата на РСМ, во текот на работното време да обезбедат заштитни средства за сите вработени и преку засилени редарски служби да обезбедат влегување на граѓаните во деловните простории со прописно растојание и заштитни средства, согласно упатствата на СЗО.
🔘 Редарските служби да бидат посебно засилени на 13.04.2020 година, во понеделник – денот после викенд-забраната за движење на граѓаните, кога се очекува зголемено движење на граѓаните.

– ГРАДСКИОТ ПАЗАР ВО ГЕВГЕЛИЈА на 9 април 2020 г. (четврток) ќе биде отворен од 9.00 до 14.00 часот само за понуда и продажба на земјоделски производи и цвеќе според посебен режим на заштита (носење заштитни маски и ракавици) поради вонредната седница.

– Се известуваат граѓаните, доколку во своето
соседство забележат привремен престој на граѓани надвор од општина Гевгелија, посебно, оние кои потекнуваат од високоризични подрачја, да се јават на дежурниот телефон во општина Гевгелија 📞 071/ 311-835“ стои во соопштението од општината.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago