Categories: Македонија

Донација на Министерството за внатрешни работи на три здравствени установи

Министерот Наќе Чулев денеска во име на Министерството за внатрешни работи предаде заштитна опрема и средства за три јавни здравствени установи. Донацијата се состои од заштитни одела, маски и ракавици, а е намената за медицинскиот персонал во ЈЗУ „8-ми септември“, Институтот за јавно здравје и ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ (Ургентен центар).При предавањето на донацијата министерот Чулев потенцираше дека докторите и медицинскиот персонал го даваат својот максимум и секојдневно го ризикуваат своето здравје за да спасат што е можно повеќе животи.

„Тие, заедно со полицијата, се во првите борбени редови во битката која сите заедно мора да ја добиеме. Затоа ја заслужуваат сета наша почит, но и сета наша помош и поддршка која што можеме да им ја обезбедиме. Нивното здравје и нивната безбедност се од суштинско значење во моментов. Во наши раце е најсилното оружје за запирање на ширењето на вирусот, а тоа е одржувањето на социјалната дистанца“, нагласи Чулев.

Министерот Чулев апелираше до граѓаните да се воздржуваат од контакти и да внимаваат да не се изложуваат на непотребни ризици односно да ги почитуваат донесените мерки и да останат во своите домови. Од денеска стапуваат на сила новите мерки.  Забраната за движење стапува на сила од 16.00 до 05.00 часот.

„Да бидеме совесни и сите да го дадеме сопствениот придонес во битката која што ја водиме и која што мора заедно да ја добиеме. Внимавајќи на сопственото здравје, Вие внимавате и на здравјето на вашите најмили, вашите соседи и вашите пријатели. Да останеме дома и да им помогнеме и на здравствените работници. Министерството за внатрешни работи, полицијата и јас лично, Ви стоиме на располагање и во секој момент може да побарате помош“, заклучи Чулев. 

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago