Categories: Радовиш

Засилени мерки од Штабот за заштита и спасување на Општина Радовиш

-Во пресрет на Велигден граѓаните да ги почитуваат забраните за групирање  и масовно собирање. Верските заедници да ги почитуваат владините мерки, за спречување на ширење на вирусот и заштита на населението е еден од заклучоците на последниот одржан состанок на Штабот за заштита и спасување на Општина Радовиш, кој расправаше за мерките и активностите за преценција на опасноста од ширење на корона вирусот.

Како што информират од Општина Радовиш на состанокот едногласно се донесени повеќе заклучоци:

-Сообраќајниот инспекторат да врши конторла над јавните превозници (такси возила) кои се задолжуваат да ги дезинфицираат возилата после секоја услуга кон граѓаните.

-Рудникот Бучим да го организира транспортот на вработените на начин шти ќе гарантира физичко дистанцирање на патниците, со регулирање на максимален број на луѓе во еден автобус.

-Фирмите да обезбедат задолжителна лична заштита на вработените и да ги применуваат најдобрите практики за заштита во согласност со работниот процес.

-Возачите на товарни возила кои престојуваат во странство да ги почитуваат правилата за самоизолација.

-Пазарниот инспекторат да изврши увид на местата каде има поставено јавни апарати за кафе и да ги затвори истите, ако се утврди дека се места каде што се собираат поголема група на луѓе.

-ЈП Плаваја да организира посебен систем за собирање на ѓубре од семејствата кои се во изолација.

-Луѓето кои се во самоизолација и изолација со решение на ДСЗИ, се должни да ги контактираат надлежните служби ако имаат потреба од помош или асистенција, стои во известувањето од Штабот за заштита и спасување на Општина Радовиш.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

6 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago