Апликација за смартфони ќе открива дали сте биле во контакт со носител на КОВИД-19.

Апликација за смартфони, која деновиве ќе биде достапна за граѓаните, ќе открива дали сте биле во контакт со носител на КОВИД-19. Апликацијата ќе биде достапна за граѓаните во текот на следните денови вели миниистерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Моментално се работи на нејзиниот финален дизајн и апликацијата ќе биде достапна за „Android“ и „iOS“ корисниците, а по инсталацијата ќе треба постојано да ви биде вклучен „bluetooth“ на телефонот за да ги имате реалните инфомации. На секој корисник од апликацијата по автоматизам ќе му биде доделен број. Инфомациите на корисниците на апликацијата ќе стојат 14 дена.

„Кога нашите мобилни телефони ќе дојдат во радиус од најверојатно три метри тоа е тоа што го бараат или два, нашиот мобилен уред ќе ги регистрира и ќе ги зачува овие апликациски броеви на телефоните коишто биле поблиску во радиус два или три метри од нас. Овие податоци ќе се чуваат само локално на вашиот мобилен телефон. Ќе ги нема на друго место. Никој ќе нема пристап до овие информации“, изјави Манчевски.

Со оваа апликација треба да им се олесни работата на епидемиолозите.

Инсталирањето на апликацијата е личен избор, односно граѓаните не се обврзани да ја преземат и користат.

Media Press

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago