СВР Струмица: Две малолетни лица од Струмица и едно лице од Радовиш не го почитувале полицискиот час

Ноќта на 05/06.04.2020 година на подрачјето на СВР Струмица 17 граѓани, од кои две малолетни лица, ја прекршиле наредбата од страна Владата на РСМ и Министерството за здравство на РСМ за време на епидемија, односно ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период.

Тринаесет лица се затекнати на подрачјето на Полициска станица Струмица, три на подрачјето на Полициска станица Гевгелија и едно на подрачје на Полициска станица Радовиш.

Во просториите на полициските станици се приведени 5 лица.

Воедно, на 05.04.2020 година до Основно јавно обвинителство Струмица се поднесени 15 кривични пријави против 15 лица, кои во претходниот период ја прекршиле забраната за движење, односно сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по чл. 206 од КЗ на РСМ.

Со Решенија од Државен санитарен и здравствен инспекторат 12 нови лица се во домашна изолација, од кои 11 во Радовиш и 1 во Гевгелија, а воедно на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица се евидирани и 6 нови лица во самоизолација.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago