Досега 9,5
отсто од заразените пациенти се здравствени работници, или вкупно 52, од кои 34
биле заразени во болнички и амбулантски услови.
Тој додаде дека досега имало многу разговори дали да се
примени некој друг начин на справување со пандемијата, но заклучиле дека е
подобро да се продолжи со сегашниот начин со додавање на некои допонителни
мерки меѓу кои и апликација што ќе им помогне на инфектолозите полесно да ги
следат контактите што ги имале заразените.
На денешната прес конференција, Филипче најави дека од денеска и болницата „8 Септември” е подготвена за дијагностицирање и лечење на забоелни од Ковид-19 и дека на располагање ќе бидат нови 400 болнички кревети,што ги нуди болницата. Каде ќе бидат сместени заболените ќе се одлучува во координација со директорката на Клиниката за инфектологија.
„Се наоѓаме во критичниот момент со очекуван раст на бројот на дијагностицирани заболени од Ковид-19 и имајќи предвид дека одиме кон пикот во следните неколку недели влегуваме во нова фаза на менаџирање на цеолкупниот процес. Доколку ситуацијата отиде во полоша состојба ќе предложиме и други мерки што ќе значат зголемување на рестриктивноста“, најави министерот за здравство Венко Филипче.
Корона вирусот е присутен во 18 града во земјава од кои најмногу во Скопје.Околу 20 отсто од болните се лекуваат во болница, останатите се на домашно лекување.