Categories: Струмица

Јаневски: Нема ниту еден позитивен случај на корона вирус во Општина Струмица

„На територијата на општина Струмица до сега нема ниту еден докажан позитивен пациент со корона вирус. Двата случаи регистрирани во статистиката на Министерството за здравство, се од други две општини во поширокиот регион. Едната пациентка е во домашно изолација и е во добра здравствена состојба, а другиот позитивен пациент се наоѓа во државен карантин во Маврово“ објави градоначалникот Коста јаневски на својот фејсбук профил.

Тој порача на граѓаните да ги почитуваат на мерките и препораките од надлежните институции како најсилно оружје во борбата со корона вирусот.

 „Држете дистанца, избегнувајте блиски контакти, не се групирајте, останете дома и почитувајте ги и другите мерки. Ви благодарам за дисциплината и одговорноста кои ги покажавте во овие вонредни околности. Ве охрабрувам и понатаму да се однесуваме уште подисциплинирано и поодговорно кон сите препораки. Со мерките коишто ги презема општина Струмица и Вашата поддршка, заедно ќе успееме полесно да го надминеме критичниот период којшто се очекува“ напиша Јаневски.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago