Categories: Македонија

Влегуваме во втората фаза во борбата против Ковид-19, се очекуваат нови поостри мерки

„Влегуваме во втора фаза на епидемијата кога ќе расте бројот на заболени кој се очекува до крај на април да достигне до 2000 заболени. Од утре можно е да се заострат мерките за заштита на граѓаните“, најави министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека остануваат проекциите пикот на болеста да биде на крај на месецов.

Се апелира до граѓаните да се избегнува комуникација и да се придржуваат до мерките бидејќи се повеќе болеста покажува асимптоматско ширење. Оваа ситуација може да се спречи само со седење дома.

Охрабрувачки е што речиси сите новорегистрирани случаи во претходните денови биле во самоизолација, па не би требало да го шират вирусот Ковид-19.

Филипче нагласи дека Министеровото з а здравство има посебна донациска сметка каде што веќе има собрано околу 500 000 евра, пари кои ќе се искористат за купување на маски, респиратори, медицинска опрема. Тој рече дека повторно ќе се повтори јавната набавка за респиратори.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago