Министерството за здравство информира дека на Клиниката за
инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент
на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и
срцева слабост, неговиот резултат на Ковид-19 се уште не е готов. Другиот е
пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал
артериска хипертензија.
Денеска
од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни
негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра
здравствена состојба и тие заминуваат дома.
Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје-13, Куманово-23, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија-2.
Со
ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува
430 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани
во:
Скопје – 208, Куманово -85, Дебар – 49, Штип-15, Прилеп – 22, Тетово – 15, Струга – 9, Велес – 8, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 2, Гевглелија – 4, Струмица – 1, Крива Паланка- 2 и
Кочани – 1.
Во
изминатото дено-ноќие направени се 389 теста од кои преку ИЈЗ- 222. Преку
Ветеринарен факултет – 13, лабораторија Авицена- 22, Биотек – 20 и Филип Втори
(Жан Митрев) – 112. Досега во земјата се направени 4.506 тестирања на Ковид-19.
Министерството
за здравство информира дека меѓу потврдените случаи од Куманово, има нови
потврдени здравствени работници позитивни на Ковид-19 од болницата во Куманово,
за кои Министерот за здравство Доц. Д-р Венко Филипче дополнително ќе информира
на редовната прес конфенција.