ЈП„ПЛАВАЈА“ со демант за квалитетот на водата

“ЈП„ПЛАВАЈА“ Радовиш најостро ги демантира сите шпекулации и дезинформации кои се шират на социјалните мрежи во вид на објави или коментари околу исправноста и квалитетот на водата за пиење во Радовиш.

ЈП„Плаваја“ Радовиш работи според сите Правилници и законски акти за производство и третман на вода за пиење и подлежи на неделни контроли на квалитетот на водата кои се спроведуваат од надлежена ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип.

Од своето основање до денес не постои случај кога квалитетот на водата бил надвор од утврдените граници!!!

Ширењето на лажни информации и вести е казниво дело, како и сите коментари кои го поткрепуваат и кои ствараат паника и страв кај населението, затоа бараме од надлежните органи да поведат соодветни постапки против сите лица кои шират невистини, шпекулации и дезинформации за квалитетот на водата за пиење.

Во интерес на вистината како пример Ви ставаме на располагање линк на кој можете да видите примери на Анализи на водата за пиење и нејзиниот квалитет и препораки на надлежниот Центар за јавно здравје

На сликите од екран подолу може да видите како неодговорни граѓани коментираат и прават цела низа на лажни информации и констатации со кои ствараат паника и страв кај населението во овој период.”

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago