Categories: Радовиш

Сите тестирани лица од радовишко се негативни на корона вирус

Според извештаите на Центарот за јавно здравје од Штип сите тестирани лица од Радовишко во перидот од 25 до 30 март се негативни,и сите лица кои се во домашна изолација досега не покажале знаци на заболување, информираше градоначалникот на Општина  Радовиш, Герасим Конзулов.

„Засега нема загриженост, нема позитивни лица на корона вирус, но граѓаните треба да продолжат да ги почитуваат мерките и препораките на Владата и на општината.

Како општина постојано преземаме мерки во наша надлежност. ЈП „Плаваја“ поставува два системи за дезинфекција на возила на влезот во градот на булеварот и влезот од кај село Раклиш, а се очекува и набавка на трет систем за влезот кај „Јака Табак“. Се врши и редовна дезинфекција на јавните површини. Општината обезбеди и 120 прехранбени пакети, кои се поделени на ранливите категории граѓани заедно со мобилниот тим на Црвениот крст“, додаде градоначалникот Конзулов.

На територијата на оштината 15 лица се под контрола, од кои 13 се во самоизолација, а две се со решение на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

До Основното јавно обвинителство во Радовиш се поднесени 12 кривични пријави за граѓани кои не ги почитувале мерките за забрана за движење за периодот од 20 до 26 март.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago