Мерки а активности на Општина Радовиш во врска со корона вирусот

Градоначалникот на Општина Радовиш, Герасим Конзулов, на неговата официјална Фејсбук страница објави известување за преземањето нови мерки со цел заштита и спречување на корона вирусот.

ЈП Плаваја поставува два системи за дезинфекција на возила на влезот во градот на булеварот и влезот од кај Раклиш а се очекува и набавка на трет систем за влезот кај Јака Табак. Се врши и редовна дезинфекција на јавните површини.

Мобилниот тим на Црвениот крст е активен на терен. Се делат прехрамбени и санитетски пакети за ранливите категории граѓани по список добиен од Центарот за социјални работи. 120 пакети се обезбедени од Општината.

МВР – 15 лица се под контрола во општината до 31.03. Тринаесет во самоизолација и две со решение на ДСЗИ. Издадени се 12 кривични пријави за граѓани на општината кои не ги почитувале здравствените прописи за време на пандемија и мерката полициски час (20-26.03).

Центар за јавно здравје Штип – сите тестирани лица од радовишко во перидот од 25.03. до 30.03 се негативни.

ДЗСИ – до денес на територијата на општината нема позитивни лица на Ковид-19 и сите лица кои се во домашна изолација до сега не покажале знаци на заболувањe.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago