Земјоделие

МЗШВ: Зголемен извозот на зелка годинава споредено со минатата година

Извозот на зелка оваа година споредено со минатата година е зголемен за 28 отсто. Конкретно, од почетокот на годинава до 29-ти март, според податоците од Царинската управа, се извезени 17.018 тони зелка, за разлика од лани истиот период кога се извезле 13.278 тони зелка, информира МЗШВ.

„Само во период од 27-ми до 29-ти март, од нашата држава се извезени 1.676 тони зелка, што е повеќе од истиот период лани кога извозот на зелка бил 1.001 тон. Овие податоци покажуваат дека нема застој во извозот, туку напротив постои зголемување на извозот на зелка. Од друга страна увозот на зелка од почетокот на годинава до 29-ти март е само 1 тон“ велат од ресорното Министерство.

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го следи откупот на зелка и на останатите земјоделски производи, во овој период на вонредна состојба поради појавата на коронавирусот во нашата држава. МЗШВ е во постојана комуникација со производителите, откупувачите и извозниците, со цел да има непречен извоз на земјоделските производи.

Во насока на олеснување и забрзување на транспортот, Владата донесе одлука за возачите на камиони кои вршат транспорт да не важи мерката за 14 дневен карантин, доколку ги почитуваат препорките за заштита, односно носење на соодветна заштита, дезинфекција и движење. Истото важи и за возачите од другите држави. Истотака, со цел непречен транспорт (односно извоз/увоз) земјите од регионот и ЕУ договорија зелени коридори за олеснување на транспортот и трговијата на примарните производи.

Во насока на обезебедување на пласман на домашните земјоделски производи, во овој период на глобална пандемија, на веб страната на МЗШВ, поставен е банер за полесен пристап на земјоделците до новатa апликација на страната на Земјоделскиот пазарен информативен систем (ЗПИС). Оваа апликација е под наслов „Понуда-Побарувачка“ и преку неа на земјоделците им се овозможува во овие услови на вонредна состојба кога дел од пазарите (кванташки, зелени пазари, добиточни пазари) не се во функција, сепак да можат да тргуваат со своите производи на домашниот пазар“, стои во соопштенитео од МЗШВ.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago