Македонија

Здружението на судска администрација го честита 31 март -Денот на правосудството

Здружението на судска администрација, на сите вработени во судската служба на судовите,   судиите, судите поротници, јавни обвинители, правобранители, адвокати, медијатори, нотари, извршители,  пробациската служба,  им го честита 31 март – Денот на правосудството во РС Македонија, со желба за успешно извршување на работите од своја надлежност.

„На денешен ден во  1945 година со донесувањето на повелба на АСНОМ за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија се поставени темелите  на судството во Република Македонија. Со повелбата се основани 25 околиски судови, три обласни судови со седишта во Скопје, Штип и Битола, и Врховен суд со седиште во Скопје.

Годишнината на одбележувањето на овој датум е можност  за промоција на  принципите за одговорност, транспарентност, професионалност, интегритет, непристрасност, стручност, и професионалност во работењето како темелни вредности за владеење на правото и функционирањето на правната држава.  Во изминатите 75 години на македонско правосудство, стремежот кон имплементација на овие принципи е вткаен во трудот на  генерации на вработени во правосудните институции.

 Денес, исправено пред барањата на современото општество, македонското правосудство е свесно за своите слабости но и свесно за неизбежноста на процесот за бескомпромисно опстојување на овие принципи  и достигнување на нови  повисоки стандарди во своето работење.Со почит и желба за што поскоро надминување на актуелната ситуација со пандемијата која ја отежнува работата на сите граѓани во нашата држава“, се вели во соопштението од Здружението на судска администрација.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago