Македонија

Проф. д-р Драган Даниловски ја демантира веста дека вирусот се одржува во воздухот дури 3 часа

Епидемиолог  проф. д-р Драган Даниловски ја демантира претходно објавената вест дека вирусот се одржува во воздухот дури 3 часа

„Спектакуларната вест дека вирусот опстојува 3 часа во воздухот не е точна!

Се работеше за случаен превид, па според тоа и погрешно толкување на наодите на експерименталната студија за стабилност на SARS-CoV-2 во аеросоли и на површини, при разгледување на студијата.

Согласно студијата, вирусот опстојува 3 часа во аеросоли, во експериментални, лабораториски услови.

Ама не би можело тие наоди да се пресликаат на реални клинички услови. Понатаму, аеросоли не се формираат при кашлање, кивање, гласно говорење, туку само при одредени клинички процедури, како што се ендотрахеална интубација, бронхоскопија, отворена сукција, администрација на небулизирана терапија, мануелна вентилација пред интубација итн. (видете цитат подолу).Значи, досега не е докажано постоење на аероген пренос за SARS-CoV-2!И понатаму остануваат препорачаните мерки на СЗО“, напиша Даниловски.

Тој претходно на својот facebook профил објави дека според најновите сознанија вирусот КОВИД-19, се шири и низ водухот и се одржува дури до 3 часа.

Тој уште постира и една позитивна вест, иако потенцира дека е рано за заклучоци но сепак сакал да ја сподели со јавноста.

„, Од 23 март наваму, логаритамската крива на бројот на регистрирани случаи кај нас, како да спласнува полека! Успеваме ли полека да ја контролираме инвазијата?
Или ова е само случајна варијација!?
Рано е за заклучоци, сѐ уште, но не можев ова да не го споделам во овие ситни саати“, напиша д-р Даниловски, анализирајчи ја моменталната состојба во државата со корона вирусот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago