Радовиш

Четири лица од Радовиш се возеле низ градот за време на полициски час

Две од нив бегале од полицијата и удриле во потпорен ѕид. Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе Предлог за издавање казнени налози против четири лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

„На 24 – 25.03.2020 година, во периодот од 21 часот до 00:30 часот, за време на епидемија – пандемија на опасната заразна болест коронавирус – COVID 19, двајца обвинети не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување, со тоа што постапиле според Одлуката за забрана и посебен режим на движење донесена од Владата на Република Северна Македонија. Тие биле предупредени од полициски службеници кај викенд населба на планината Плачковица за забраната на движење, но  се упатиле по регионалниот пат кон Радовиш. На даден знак не застанале на полициска контрола кај с.Шипковица, ниту пак застанале на полициска контрола  кај с.Раклиш. Потоа со возилото удриле во бетонски зид кај ГП Техника и без да застанат продолжиле да се движат по регионалниот пат кон с.Ораовица, каде во 00:30 часот од страна на полициски службеници биле пронајдени во нивниот дом.  За стореното кривично дело, обвинителството  предложи на судот, на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 100 дневни глоби, секоја во висина од по 10 евра во денарска противвредност.

​Третиот обвинет на 25.03.2020 година, во 00:50 часот во Радовиш, не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на коронавирусот, бидејќи во време на забрана на движење на населението од 21 до 5 часот, со восило се движел по градот. Основното јавно обвинителство Радовиш предложи на судот на обвинетиот да  изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од по 5 евра во денарска противвредност.

Четвртиот обвинет го сторил делото на 24.03.2020 година, во 22:45 часот во с.Раклиш, општина Радовиш, кога за време на полицискиот час, со возило се движел по регионалниот пат Радовиш – с.Раклиш. Паричната казна која е предложена до судот за овој обвинет е во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од по 5 евра во денарска противвредност“.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago