Радовиш

Градежни активности на улица „Дане Трајков“ во Радовиш

За прв пат после 50 години се подготвува за асфалтирање крак од улица  „Дане Трајков“ во Радовиш, кој претставува проблем на граѓаните кои што живеат во овој дел на градот со години. Истовремено уште еден крак во должина од  120 метри на оваа улица, ќе се уредува со бекатон плочки, со цел да се олесни движењето на оваа улица. 

 Како што информира градоначалникот Герасим Конзулов и покрај вонредната состојба околу корона вирусот кој го зафати светот,  градежните активности во Општина Радовиш се во тек. Се работи и на раконструкција на улицата во  „Шаин Маале“, а деновиве целосно беше завршена и улицата во  урбан блок 15, позади Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш. 

„Продолжува и проектот за изградба на нов резервоар за вода и нов цевковод“, информира градоначалникот Конзулов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago