Општина Радовиш во соработка со ОО Црвен Крст Радовиш започна со делење хуманитарна помош

„Со оглед на настанатата вонредна ситуација, а со цел да дадеме поддршка во намалување на ризикот на проширување или заразување со Ковид 19 Општина Радовиш во соработка со Црвен крст – Општинска организација Радовиш и Центарот за социјални работи од Радовиш започна со делење на хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена на лицата кои се приматели на социјална помош и стари и изнемоштени лица“ информираат од општината.

„Во текот на вчерашниот ден беа опфатени селата Калугерица, Злеово, Покрајчево и Подареш. Во текот на следнатата недела ке бидат опфатени и останатите села и Општина Радовиш“ велат од Црвен крст.

Голема благодарност на Советот на Општина Радовиш и Градоначалникот Герасим Конзулов за подршката, изразуваат од Црвен крст- Радовиш и од граѓаните на Општина Радовиш, на кои оваа помош им е од големо значење.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago