Categories: Радовиш

Казни против четири лица во Радовиш за непочитување на полициски час

Основното јавно обвинителство Радовиш денеска поднесе предлог за изрекување парична казна во висина од по 100 дневни глоби против четири лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

„Обвинетите​ во три одвоени кривично правни настани постапиле спротивно на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана и посебен режим на движење на населението од 21:00 до 5:00 часот и во време на забрана на движењето во вечерните часови помеѓу 23 и 24 март со патнички моторни возила се движеле по улиците на Радовиш каде биле контролирани од страна на полициски службеници на Министерството за внатрешни работи, Полициска станица – Радовиш“, стои во соопштението од ОЈО.

Со своите дејствија лицата сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството, како што информираат, предложило Судот на обвинетите да им изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, секоја во висина од по 5 евра во денарска противвредност.

Исто така и тројца  граѓани на Свети Николе, не ја почитувале забраната за движење од 21.00 часот, до 05.00 часот, односно до 12.00 часот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago