Во живо:Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче.
Уште една почината пациентка од корона вирусот, тоа е 66 годишната жена од Дебар која подолго време имаше влошена состојба, истакна министерот филипче на денешната прес конференција.
29 новозаболени во земјата, бројката се искачи на 177. Каква е состојбата со Корона вирусот во земјава и каква е состојбата со пациентите кои се лекуваат од ковид 19 соопштува министерот Филипче.
„Со оглед на тоа што официјално завршија сите постапки, во комисиите, во Агенцијата за лекови, денеска двајца пациенти на Инфективната клиника веќе се ставени на терапијата. Потребно е да се направи кардиолошка анализа ЕКГ затоа што има таму и една контра индикација, значи не се дава на сите пациенти. Луѓето да не купуваат на своја рака или да се обидуваат да ги најдат лековите, мора да се даде според точна индикација на лекар специјалист“, апелираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Министерот Филипче информираше дека има уште една почината пациентка од коронавирусот. Тоа е пациентката која подолго време беше на респираторна машина, од Дебар, и покрај сите напори на лекарите, медицинските сестри и интензивната терапија, таа починала денеска.
Пациентката била на 66-годишна возраст и во историјата имала податок дека прима хронична терапија за хипертензија.
„Во изминатото деноноќие, заклучно со 12 часот денеска, има 29 нови случаи на дијагностицирани пациенти со коронавирус во нашата земја, по градови: Скопје 20, Куманово три, Велес три, Прилеп две и Дебар едно лице. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти денеска до 12 часот изнесува 177 лица. Според местото на живеење, досега пациенти се регистрирани во следните градови: Скопје, Дебар, Куманово, Штип, Кавадарци, Охрид, Гостивар, а од денеска и во Прилеп и во Велес“, рече министерот Филипче
Линк до прес конференција: https://youtu.be/cCx6-gTLUGQ