Categories: Македонија

Владата објави јавен повик за интервентна набавка на заштитни маски

Вториот јавен повик, што денеска го објави Владата е интервентна набавка на заштитни маски со цел спречување на последиците од корона вирусот (COVID 19) за време на вонредната состојба (https://vlada.mk/node/20710).

Повикот утврдува дека маските треба да бидат изработени од материјал погоден за производство на заштитни маски на понудувачот или од материјал погоден за производство на заштитни маски обезбеден од Владата на РС Македонија.

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни производители кои ги исполнуваат условите од овој повик

Економските оператори што ќе се јават на овој повик треба да ги исполнуваат следните услови и тоа: 

– Испорака на најмалку 2000 маски дневно;

– Маските треба да бидат за повеќе употреби и треба да може да се перат;

– Испораката да се врши за период на траење на вонредната состојба, на различни локации во Скопје;

– Единечната цена по маска да изнесува максимум 40 денари плус данок на додадена вредност за маските изработени од материјал за изработка во сопственост на економскиот оператор;

– Единечната цена по маска да изнесува максимум 25 денари плус данок на додадена вредност за маските изработени од материјал обезбеден од страна на Владата на Република Северна Македонија;

– За материјалот од кои ќе се изработуваат заштитните маски потребно е да се поседува соодветен сертификат за квалитет издаден од страна на овластена лабораторија.

Понудите од овој повик да се достават во затворен плик, по пошта или лично до архивата на Договорниот орган на следната адреса: Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје.

Јавниот повик ќе трае 24 часа од моментот на неговото објавување на веб страната на Владата, односно понудите треба да бидат доставени најдоцна до 26.03.2020 година до 15.30 часот. Понудите кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago