Categories: Македонија

Чулев: Најостро ќе бидат казнувани сите лица кои ќе го нарушат угледот на полицијата

Во однос на информациите и фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи на кои се гледа лица облечени во полициска униформа и на истите се гледа навредлив содржина поврзана со одлуката на владата, а кои се во насока на спречување на ширење на вирусот COVID 19 Министерот Наќе Чулев ја информира јавноста дека:

Министерството за внатрешни работи веднаш ги презеде сите неопходни дејствија со цел утврдување на фактичката состојба и санкционирање на наведените сторители.

Притоа, истакнува дека на една од заедничките фотографии Министерството за внатрешни работи утврди дека станува збор за овластени полициски службеници и против истите согласно законските одредби ќе бидат преземи соодветни постапки од страна на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, а за исходот од истите благовремено ќе биде информирана јавноста.

Додека пак на фотографијата каде што стои само едно лице, Министерството за внатрешни работи утврди дека не станува за полициски службеник, туку за граѓанин за кои веднаш се преземени мерки од страна на ОВР по извршениот разговор ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава по член 23 од Законот за прекршоци против ЈРМ во висина од 600 до 800 евра глоба, заради лажно претставување на социјалните мрежи како полициски службеник.

Апелирам, граѓаните и полициските службеници да бидат крајно внимателни со содржините и објавите на социјалните мрежи и воедно потенцирар дека најостро ќе бидат казнувани сите лица кои со своето однесување ќе го нарушат угледот на полицијата, напиша на Фејсбук техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago