На последната
седница на Владата донесена и Уредба со законска сила за примена на Законот за
основно и средно образование за
реализација и организација на наставата во училиштата и за оценувањето на учениците за времетраење
на вонредната состојба.
Според
одредбите од оваа уредба со законска сила наставата во основните и средните училишта се организира преку далечинско учење односно
учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација.
Средства за
електронска комуникација, во смисла на оваа Уредба се средства кои обезбедуваат
реализација на наставата без заедничко физичко присуство на учесниците во
наставниот процес и кои овозможуваат взаемна двонасочна комуникација.
Средства за
електронска комуникација можат да бидат видео-конференциски платформи,
електронска пошта или други системи за електронска размена на податоци.
И
средношколците ќе слушаат предавања, ќе комуницираат, ќе се тестираат и
оценуваат од професорите преку видео-конференциски платформи, електронска пошта
или други системи за електронска размена на податоци, зависно како ќе си одлучи
секое училиште.
Владата
ја донесе и Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото
образование за време на вонредна состојба, со која се уредуваат начинот на
изведувањето на студиските програми и проверката на знаењето на студентите во
сите три циклуси на високото образование
Студиските
програми за стекнување на високо образование на сите три циклуси на
високообразовните установи односно јавните научни установи и проверката на
знаењето ќе се изведуваат преку системот за далечинско учење со примена на
средства за електронска комуникација. Одредбите не се однесуваат на
меѓународната физичка мобилност и учество на меѓународни собири на студиската
програма за трет циклус-докторски студии.
„Преку
системот за далечинско учење со примена на средства за електронска комуникација
се спроведуваат предавањата, вежбите, форми на континуирана проверка на
знаењето, индивидуалната настава и други облици кои се соодветни на
специфичноста на наставно-научната и уметничката област,
консултативно-инструктивната настава, индивидуална студиска работа (истражување
на литература, семинарски задачи, проектна работа), како и одбраната на
дипломска/и, магистерска/и и докторска/и задача/труд.“, стои во Уредбата.
Полагањето на испитите и колоквиумите ќе се врши електронски, под услов да се обезбедени соодветни технички решенија кои обезбедуваат идентификација и контрола на работата на студентите за време на полагањето. И работата на Стручната служба во високообразовните установи односно јавните научни установи ќе се врши електронски, без физички контакти
Интернет страницата на која ќе може да се оддржува настава е www.eduino.gov.mk