Невообичаено за овој период, зимска идила во Радовиш

Радовиш се разбуди со минусни температури и под снег. Снежениот  бран кој започна од вчера во земјава продолжува и денеска, а во текот на ноќта наврна слаб снег речиси во сите краиште во државата.

Најмногу снег има на Маврови Анови, вкупно 19 сантиметри, каде утринава е измерена и најниската температура од 9 степени под нулата, додека Радовиш се разбуди на -3.

Во текот на ноќта и изутринава времето беше претежно облачно со повремени врнежи од снег и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Облачно и не многу студено со повремени врнежи претежно од снег се очекува и за денеска. Пообилни врнежи се очекуваат во источните делови.

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6 степени.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago