Categories: Македонија

Од денешната седница на Владата- најстроги рестриктивни мерки:

👉МВР, Министерството за одбрана и Армијата ќе направат план за спроведување на најстроги рестриктивни мерки со цел спречување на ширење на коронавирусот.

👉Сите лица што не ја почитуваат мерката за самоизолација ќе бидат спроведени во државен карантин и против истите ќе биде поведена соодветна постапка, трошоците за време на престојот во државен карантин ќе бидат на нивни товар.

👉Комисија за заразни болести ќе подготви препораки за посебен режим на движење за време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраст.

👉За враќање на нашите државјани во странство ќе има хуманитарни летови, а нивна законска обврска ќе биде кога ќе се вратат да прифатат дека ќе мора да поминат соодветен број денови во карантински услови за нивна и за безбедност на сите останати граѓани.

👉Плаќањето на авионската карта за организираниот лет ќе биде на товар на патникот, додека трошоците за сместување, транспорт од аеродром и храна ќе бидат на товар на буџетот.

👉Државниот карантин ќе биде обезбедуван од МВР и од Армијата (секој кат од објектот, секој влез и излез на објектот).

👉Периодот во кој овие лица ќе бидат сместени во државен карантин ќе биде најмалку 15 дена, веднаш по нивното слетување.

👉Лицата кои ќе бидат сместени во државен карантин ќе бидат по едно до две лица во просторија. Храната ќе се носи директно до просториите, а хигиената ќе ја одржуваат сами.

👉Замрзнување на цените на лимон, портокал, мандарина и грејпфрут и клементините на ниво 11 март.

👉Ставање на 4,5 милиони евра во функција на намалување на последиците по економијата од COVID-19.

👉Важноста на патните исправи и личните карти, чиј рок на важење е истечен ќе се продолжи за време на траење на вонредната состојба.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago