Categories: Македонија

До утре (22 март) до 18 часот, да се пријават сите граѓани што сакат да се вратат во земјата

Министерот за надворешни работи Никола Димитров,  упати уште еден апел до нашите граѓани на кои им треба помош за нивно враќање во земјата:

„Јас ги повикувам сите граѓани коишто се немаат пријавено на емаил адресите и телефоните на ДКП на Северна Македонија во земјите каде што се наоѓаат или доколку таму немаме претставништво, тогаш во најблиското во соседната земја или во земјата од регионот. Тоа да го направат до утре недела (22 март) до 18 часот. 

Ние мора да имаме прецизна евиденција, податоци за веднаш да почнеме да ги организираме овие хуманитарни летови. Нашиот фокус ќе бидат земјите со поголема концентрација на граѓани што им треба помош и поддршка.“

Министерот за НР Димитров упати и благодарност до Кризниот тим во Министерството за надворешни работи, за нивната посветеност и професионалност во надминувањето на тешките ситуации со цел помош на граѓаните:

„Би сакал да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на Кризниот тим во МНР којшто работи во две смени и на сите тие луѓе сакам да им кажам благодарам за напорите што ги прават да се помогне во оваа неверојатно тешка состојба.

Во однос на задолжителниот карантин, Димитров потенцираше:

„Вчера на вечерната владина седница разговаравме за ова прашање и Владата донесе одлуки и заклучоци. Нè задолжи нас како МНР, во соработка со министерството за транспорт и врски да организираме хуманитарни летови за да си ги донесеме граѓаните дома. 

Истовремено се формираше едно тело коешто ќе организира задолжителен државен карантин и ќе го зголеми капацитетот на задолжителниот државен карантин. 

Штo значи ова? Врз основа на законските прописи за јавното здравје и борба против заразни болести, Владата одлучи сите граѓани што ќе дојдат во поголеми групи со хуманитарните летови ќе бидат во задолжителен државен карантин во траење од минимум 15 дена, за да истовремено покрај државниот интерес да им се помогне на овие граѓани да си дојдат дома, да се заштити и другиот државен интерес и здравјето на народот, на населението што си е веќе во татковината. Тоа е суштината на овие одлуки.“, рече Димитров.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago