Categories: Македонија

191 – Отворена бесплатна линија за пријавување на неправилности

Од понеделник граѓаните на 191 можат да пијават неправилности во  угостителски објекти во кои има гости и драстично зголемени цени на основните прехранбени производи и средства за дезинфекција

На оваа бесплатна линија – 191 ќе можат да се пријават неправилности за непочитување на препораките на Владата за заштита од коронавирусот.

Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека Владата на почетокот на неделата донесе одлука за замрзнување на цените на основните производи како што се леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, но и лекови и дезинфекциски средства. Исто така со цел за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот беше донесена и одлука да се затворат сите ресторани, кафетери и барови каде што се собираат луѓе.

„Пазарниот инспекторат е на терен и контролира кои угостителски објекти се затворени, односно кои угостителски објекти не ги почитуваат одлуките на Владата. Исто така засилени се контролите во супермаркетите во однос на цените на основните прехранбени производи но и на средствата за дезинфекција. Свесни сме за големата паника која што се предизвика кај граѓаните кои решија да купуваат масовно и нерационално. Со цел да им излеземе во пресрет на инспекторите кои што работат на терен и по 18 часови на ден во интерес на заштита на безбедноста и здравјето на граѓаните заедно со Пазарниот инспекторат ја отворивме бесплатна линија 191 на која сите граѓани кои ќе утврдат дека има прекршување на овие одлуки, односно дека има кафулиња и ресторани кои работат или пак има зголемување на цените во супермаркетите во последните две недели тогаш ќе може веднаш да пријави, а пазарниот инспекторат да постапи на терен“ кажа министерот Бектеши.

Потенцираше дека на оваа бесплатна линија сите граѓани ќе можат од понеделник да пријавуваат неправилности по што веднаш ќе бидат вратени цените на основните производи кои што биле на 11 март.

„Сакам да алармирам до сите граѓани, угостители и трговци кои што нема да ги почитуваат препораките на Владата дека ќе бидат казнети со казна од 5.000 евра и согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик казна затвор и до една година.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago