Categories: Македонија

На што се должи зголемената цена за маски, ракавици и средства за дезинфекција

Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска, на денешната прес конференција во Владата ги презентираше наодите од инспекциски надзори од повеќе инспекциски служби во надлежност на Советот, кои интензивно се спроведуваат на терен, со цел да гарантираат целосно почитување на мерките на Владата за заштита од КОВИД-19.  
„Констатирано е дека јавните превозници кај кои беше извршена контрола одржуваат високо ниво на хигиена, согласно обврската која им беше доделена. Во однос на контрола при влез на патници на скопскиот аеродром и граничните премини кои се уште се отворени, констатирано е дека сите патници пополнуваат писмена изјава со која под полна морална, материјална и кривична одговорност се обврзуваат да останат во самоизолација, а за истото им се издава и писмена наредба“, кажа Филиповска-Грашкоска.

Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) изврши вкупно 17 вонредни инспекциски контроли, при што е констатирано дека сите зголемени цени кај аптеките се должат на зголемената набавна цена на производите. Согласно ова, МАЛМЕД дава препорака да Владата на РСМ утврди максимална цена за маски, ракавици и средства за дезинфекција,  која не смее да се надмине во прометот на големо и прометот на мало.

„Државниот пазарен инспекторат има извршено вкупно 8.200 надзори во изминатите 3дена и продолжува со истата динамика, според која посетува околу 3.000 објекти секој ден. Констатирано е дека нема покачување на цените на производите во маркетите, а најголем дел од правните субјекти ги почитуваат мерките на Владата на  РСМ во однос на забраната или начинот и времето на работење. Од страна на инспекциските служби се затворени 6 угостителски објекти во Скопје, 3 во Тетово, по 2 во Битола и Гостивар и еден во Куманово. Ова се објекти кои беа отворени за гости и покрај мерките на Владата“, посочи Претседателката на Инспекцискиот совет.

Во однос на правата од работниот однос, Државниот инспекторат за труд реализираше вкупно 573 контроли во претходните три дена, при што се донесени 5 решенија и 26 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата.


Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago