Categories: Радовиш

Распоред за работни денови на „Градскиот пазар“ во Радовиш

На одржаниот состанок денеска,19 Март 2020 година, на Штабот за заштита и спасување на општина Радовиш, кој го водеше Командантот на штабот Герасим Конзулов според состојбата во земјата и препораките од Владата, Министерството за здравство и Законот за заштита и спасување, донесени се повеќе заклучоци, апели и препораки до граѓаните на општина Радовиш и останатите субјекти во општината.

Во врска со работата на „Градски пазар“ – Радовиш донесен е следниот заклучок:

Од Градскиот пазар се отстранува продажбата на текстилни производи и истиот ќе биде наменет само за продажба на прехранбени артикли т.е. овошје и зеленчук со работно време од Понеделник, Среда и Сабота и истото да биде контролирано од полициски службеници и пазарна инспекција.

Организацијата на просторот и распоредот на тезгите за продажба ќе го вршат одговорни лица од ЈП„Плаваја“ Радовиш.

Согласно заклучокот „Градскиот пазар“ – Радовиш ќе работи само во деновите:

Понеделник, Среда и Сабота со работно време од 8:00 до
14:00 часот.

Апелираме до сите продавачи кои ќе продаваат своја стока во согласност со Заклучокот на Штабот за заштита и спасување на општина Радовиш и до купувачите, да се придржуваат во целост кон мерките за спречување на ширење на заразата со вирусот Ковид-19 (корона вирус) пропишани од страна на Владата.

СО ОВА ИЗВЕСТУВАЊЕ ИМ СЕ НАЛОЖУВА НА ПРОДАВАЧИТЕ НА ТЕКСТИЛНИ ПРОИЗВОДИ КОИ ВО МОМЕНТОТ ВРШАТ ПРОДАЖБА НА „ГРАДСКИОТ ПАЗАР“ ВЕДНАШ ДА ГИ ОТСТРАНАТ СВОИТЕ ТЕЗГИ И ДА ГО НАПУШТАТ „ГРАДСКИОТ ПАЗАР“ стои во известувањето од ЈП Плаваја.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago