Categories: Радовиш

Како изгледа Радовиш ден по прогласувањето на вонредна состојба

Дали граѓаните на Радовиш сериозно ја сватија ситуацијата со корона вирусот. Денеска речиси празни улици. По улиците можеше да  се забележи  само некој граѓанин како брза кон  најблискиот  маркет, за да се обезбеди со прехранбени производи и средства за лична хигиена. Повеќето од граѓаните кои ги сретнавме се движеа со заштитни маски.

Засега маркетите сеуште се полни со производи и нетреба да има загриженост. Дистрибутерите непречено доставуват прехранбени производи и ги обезбедуваат маректите. Продавачите велат дека нема поголеми гужви. Според нив најмногу се троши маслото за јадење, брашното, тестенините, сол, шекер, тоалет и други средства за хигиена. Продавачите во маркетите и аптекарите, работат со заштитни маски и со ракавици.

Таксистите повеќето работат без заштитна маска, но некои целосно ги почитуваа мерките за превенција и работеа со маска и со ракавици.  

Затворени се сите угостителски објекти. Празни се и  детските паркови, немаше ниту едно дете да се забавува во паркот. Дали тоа значи дека радовишани сериозно ја сватија ситуацијата со корона вирусот останува да се види.  Општина Радовиш и градоначалникот Герасим Конзулов  повторно апелираат на одговорност и почитување на сите препораки и мерки за заштита од корона вирусот, бидејќи здравјето е пред се. Општината својата работа со граѓаните ја сведе на минимум и се решаваат само нај итните и неодложни барања. Останатите граѓани за се што им е потребно  со локалната самоуправа комуницираат по електронски пат.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago