Categories: Македонија

Во моментот во земјава 35 лица заразени со Корона вирусот

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска на редовната прес-конференција за состојбата со Корона вирусот, информираше дека во моментот вкупната бројка на заболени во земјата изнесува 35 лица. Сите 4 новодијагностицирани пациенти се со лесна клиничка слика. Стабилна е состојбата на сите пациенти на Клиниката за инфективни болести и на пациентите во Дебар, а стабилна е и на пациентката која е на респираторна машина, односно нема знаци за влошување на нејзината состојба.

„Доцна синоќа се изработија резултати на уште 4 пациенти кои беа во врска со онаа група од вчерашниот ден, последно дијагностицирана, а врз основа на епидемиолошките анкети и податоците со кои тие луѓе комуницирале. Во овој момент се прават анализи на уште 30 лица од кои едно од Куманово, две од Скопје и останатите 27 се граѓани на Дебар и околината. Станува збор за лица кои немаат симптоми, но е можно да биле во контакт со некој од заболените. Тоа значи дека скринингот добро се спроведува, разговаравме и со нашиот инфектолог, професорот од Скопје, локалните инфектолози и епидемиологот, кои имаат направено една шема, алгоритам по кој постапуваат“, потенцираше министерот Филипче.

Министерот истакна дека за авионот кој синоќа слета од Брисел, била поставена индикација за тестирање на 12 лица согласно податоците кои тие ги дале. Сите тестови се негативни и сите патници од авионот се пуштени дома во задолжителна самоизолација, согласно препораките.

„Вчера преку Деве Баир стигна и група од 10 луѓе, тие се сместени во Пепелиште и во текот на вечерта и утрово се прегледани од епидемиолог, и согласно одлуката, заради тоа што е можно да пристигнат и повеќе лица, тие ќе бидат префрлени во Заводот во Демир Капија. Имаше реакции дека таму условите не се соодветни и затоа преземавме мерки за нивно префрлање и се надевам дека ќе имаат разбирање за ова со оглед на важноста за индикација на оваа мерка“, информираше министерот.

Дополнително, министерот Филипче нагласи дека залихите на крв и крвни деривати се сосем доволни, направена е анализа во текот на денот и има идентична количина како што имало и истиот овој период минатата година. Потсети и дека сите итни интервенции и онколошки интервенции се извршуваат со вообичаеното темпо, рутина и индикација.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago