Categories: Македонија

Владата предлага прогласување вонредна состојба во државата

На денешната седница на Владата донесена е одлука на целата територија на државата да се прогласи вонредна состојба, информираше техничкиот премиер Оливер Спасовски.

„Ова е вонредна ситуација и затоа е потребна вонредна состојба. Владата нема дилема и затоа на денешната седница донесовме одука за воведување вонредна состојба на територијата на целата држава сега и веднаш“, рече Спасовски.

Како што рече Спасовски, одлуката е донесена на денешната владина седница по што предлогот ќе биде проследен до Собранието. Тој додаде дека иако паралемнтот е распуштен, претседателот на државата има уставна можност да прогласи вонредна состојба во траење до 30 дена.

Ова ќе биде за прв пат да се вовоеде ваква мерка во историјата на нашата држава и ќе биде најтешката мерка која ја донела било која влада во државата. Ништо веќе не е исто рече Спасовски и потребно сите да се однесуваме одговорно. „Заканата од масовно ширење на вирусот бара радикални мерки“, рече Спасовски.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=PDp2GGSUwa4&feature=youtu.be

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago